сабота, 27 јули 2024

Голем успех за Динамо и Ристовски, го исфрлија Бетис од Конференциска лига

Динамо во Загреб одигра 1-1 против Бетис и благодарение на победата во Севиља од 1-0 оди во осминафиналето од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Стефан Ристовски и соиграчите слават голем успех откако го елиминираа Бетис од Конференциската лига. Шпанскиот тим беше еден од фаворитите за освојување на ова натпреварување, но не ја мина ни првата елиминациска пречка.

Динамо со победа се врати од Шпанија од првиот меч, па денеска требаше само да остане непоразен, што и се случи.

Бетис поведе со гол на Бакамби во 38. минута, во тој момент вкупниот резултат беше израмнет.

Во 59. минута Канеко изедначи на 1-1 што беше и конечен резултат на натпреварот, па Динамо со вкупни 2-1 отиде понатаму.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ