сабота, 27 јули 2024

Голем удар за шпанскиот премиер, на европските избори победи десницата

Шпанската централно-десничарска Народна партија (ПП) победи на европските избори во неделата, освојувајќи 22 од 61 мандат колку има во Европскиот парламент, нанесувајќи ѝ удар на социјалистичката влада на премиерот Педро Санчез.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Социјалистите на Санчез, предводени од министерката за енергетика Тереза ​​Рибера, освоија 20 мандати по кампањата во која опозицијата се занимаваше со приватни обвинувања за корупција против сопругата на премиерот и законот за амнестија на каталонските лидери донесен само една недела пред изборите.

По пребројувањето на 99,7 отсто од гласовите, крајнодесничарскиот „Вокс“ заврши со шест претставници, повеќе од четворицата што ги имаше во претходниот состав.

Алвисе Перез, екстремно десничарски инфлуенсер на социјалните мрежи, кој се бори против она што тој го опишува како универзална корупција, успеа да освои три места со кампањата која главно се спроведуваше преку апликацијата за размена на пораки Телеграм.

Обединетата десница освои речиси 50 отсто од гласовите, додека левицата следеше со 43 отсто.

Гласовите на левицата беа поделени меѓу Сумар – помлад партнер во владината коалиција – кој освои три мандати и крајно левиот Подемос, предводен од поранешната министерка за еднаквост Ирина Монтеро, кој освои два мандата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ