сабота, 27 јули 2024

Голем шумски пожар во Австралија, пожарот се приближува кон градовите (ВИДЕО)

Стотици жители на австралиската држава Викторија беа повикани од властите веднаш да се евакуираат од своите домови откако шумскиот пожар кој уништи неколку имоти и уби добиток продолжи да ги загрозува руралните области, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од две илјади лица вчера ги напуштија западните градови на Викторија, откако беа издадени наредби за итна евакуација, за да го напуштат додека сè уште е безбедно и да се упатат на исток до блискиот регионален центар Баларат, 95 километри западно од Мелбурн.

Стотици пожарникари, според Ројтерс, се борат со огромниот пожар со поддршка на неколку авиони, а издадени се и нови предупредувања за евакуација за 14 рурални места. Опожарени се околу 10.000 хектари површина, истакнаа локалните власти.

Силните ветрови ги разгоруваат пожарите, кои се се поблиску до градовите, додека екипите за итни случаи ги повикаа жителите да се засолнат во своите домови доколку не можат да излезат.

Шефот на Државната противпожарна служба на Викторија, Џејсон Хефернан, изјави за Австралијан бродкастинг дека очекува условите за пожар да останат прилично нестабилни денеска.

„За жал, добиваме рани извештаи за загуби на некои куќи и други помошни објекти“, рече Хефернан.

Според прогнозите на тамошниот метеоролошки завод, денеска сепак треба да дојде до смирување на пожарите бидејќи студениот фронт од јужниот брег на Австралија се движи кон регионите кои се борат со шумски пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ