сабота, 19 октомври 2024
Го уништи со еден збор

Голем шпански талент договори богат трансфер во Саудиска Арабија, Крос го крена гласот: Срамно! (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Габри Веига важи за еден од најталентираните шпански фудбалери и со своите добри игри го привлече вниманието на многу гиганти како Барса, Реал, Манчестер Сити, Челси и Ливерпул.

Наполи сепак беше тој кој најсериозно загриза за услугите на 21 годишното момче и клубот на нашиот Елиф Елмас беше многу блиску до негов ангажман.

Сепак, во последен момент се сменија работите, Габри Веига доби богата понуда од Саудиска Арабија и реши да се пресели во Ал Ахли.

Тони Крос кажа што мисли за оваа зделка и во постот со кој новинарот Фабрицио Романо го најави трансферот, ѕвездата на Реал Мадрид напиша: „Срамно“.

Саудиска Арабија ова лето се расфрла со пари, и разбриливо е кога фудбалерите кои се ближат до залезот на кариерата решаваат да ја заменат Европа со Арапскиот Полуостров, но несфатливо е кога млад перспективен фудбалер се решава на еден ваков чекор, и најубавите години ќе ги помине во првенство кое е далеку од најдобрите и покрај тоа што секој ден пристигнуваат квалитетни играчи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ