сабота, 21 декември 2024

Голем протест во Виена поради можната екстремно десничарска влада, „Нема коалиција со нацисти“ (ВИДЕО)

Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на Виена за да протестираат против можното вклучување на екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) во владата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, а полицијата не излезе со официјална бројка.

Популистичката ФПО победи на парламентарните избори во Австрија во неделата со околу 29 отсто од гласовите.

Повеќето други политички партии ја отфрлија идејата за формирање коалиција со десничарските популисти.

Конзервативната Австриска народна партија (ОВП), предводена од канцеларот Карл Нехамер, изрази подготвеност за соработка под услов лидерот на ФПО, Херберт Кикл, познат по својата екстремна реторика, да не извршува никакви владини функции.

Кикл, сепак, се стреми кон канцеларската функција.

Демонстрантите поминаа низ центарот на градот и се собраа пред парламентот носејќи транспаренти како „Нема коалиција со нацистите“.

Еден постер го прикажува Кикл како марионета на конец контролиран од рускиот претседател Владимир Путин. Кикл е обвинет за проруски ставови. Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен денеска треба да започне разговори со сите партиски лидери, почнувајќи од Кикл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ