понеделник, 20 мај 2024

Голем протест во Шведска, не го сакаат Израел на Евровизија (ФОТО+ВИДЕО)

Претставничката на Израел вечерва настапува на Евровизија што се одржува во арената Малме во Шведска, што предизвика повеќе протести.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Полицијата ќе биде видливо присутна на терен“, изјави портпаролот на полицијата Филип Анас. „Добија дозвола бидејќи проценуваме дека може безбедно да се изведат. Доколку има некакви нарушувања, ќе ги решиме“, додаде тој.

Во 16 часот започна протестот против учеството на Израел на Евровизија, а организаторите очекувале до 25.000 луѓе. Од полицијата сепак велат дека се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе.

Локалните медиуми јавуваат дека на улиците излегле граѓани од сите генерации, вклучително и родители со деца. Демонстрантите удирале во тапани и извикувале палестински пароли. Некој закачил палестинско знаме на покривот на улична кујна.

„Не го слушате ли плачот на децата? Не ја гледате ли детската крв? Сите деца се еднакви!“ извикуваа демонстрантите.

На протестот присутвуваше и шведската активистка Грета Тунберг.

Во 18:00 часот на друга локација во градот се одржува музичка демонстрација за поддршка на учеството на Израел на Евровизија.

„Треба да биде весело, ќе играме, ќе се веат знамињата на Израел и Шведска“, изјави претходно за ТТ Јехошуа Кауфман, еден од организаторите.

Третиот протест ќе се одржи вечерва во Хили, каде се наоѓа арената Малме. Тоа е уште еден протест против учеството на Израел на музичкиот натпревар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ