Првите 45 минути на „Олд Трафорд“ навестуваа ново разочарување за „ѓаволите“, Астон Вила имаше предност од 0-2 со головите на Мекгин и Дендонкер.
Но избраниците на Ерик тен Хаг направија голем пресврт во второто полувреме и славеа важна победа.
Гарначо намали на 1-2 по еден час игра, истиот играч по втор пат ја затресе мрежата на Мартинез за 2-2 во 71. минута и најави возбудлив финиш.
Во 82. минута конечно проработе Расмус Хојлунд, напаѓачот го постигна првенецот во Премиеригата и донесе триумф на Манчестер јунајтед од 3-2.