сабота, 18 мај 2024

Голем пресврт на изборите во Велика Британија

Британската опозициска Лабуристичка партија денеска доби место во Блекпул, како и власт во неколку локални совети, нанесувајќи им големи загуби на владејачките конзервативци, зголемувајќи го притисокот врз премиерот Риши Сунак.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Британските гласачи вчера избраа повеќе од 2.000 советници во локалните власти ширум Англија, како и неколку градоначалници, меѓу кои и градоначалник на Лондон.

Според досега објавените резултати од локалните избори, лабуристите постигнаа големи придобивки пред општите избори, исто така оваа година, што според анкетите може да го донесе лидерот на лабуристите Кир Стармер на власт по 14 години владеење на конзервативците.

Во четвртокот се гласаше и за место во британскиот парламент во изборната единица во јужен Блекпул, кое беше слободно откако конзервативен пратеник поднесе оставка по корупциски скандал. Лабуристичкиот кандидат Крис Веб победи во Блекпул со 10.825 гласови, пред кандидатот на конзервативците со 3.218.

Поразот во Блекпул и раните знаци за големи загуби на локалните избори ќе ги поттикнат надежите на лабуристите за убедлива победа над конзервативците на Сунак на општите избори.

„Оваа сеизмичка победа во јужниот дел на Блекпул е најважниот резултат денес“, рече Стармер од лабуристите. „На овие избори гласачите имаа можност директно да испратат порака до конзервативците на Риши Сунак и таа порака е огромна желба за промени.

Претседателот на Конзервативната партија Ричард Холден изјави дека тоа било „тешка ноќ“. „Очигледно резултатите не се одлични“, изјави Холден за радио Тајмс.

Конзервативците на Сунак заостануваат околу 20 процентни поени зад лабуристите во повеќето анкети за парламентарните избори, кои Сунак изјави дека има намера да ги распише во втората половина на годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ