сабота, 27 јули 2024

Голем пожар во Маврово, активиран и хеликоптерот на МВР

На територијата на Националниот парк Маврово од вчера е активен пожар на поголема површина во кој се зафатени пасишта, смрека и папрат. Според последната информација која ја споделија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во текот на денот во гаснењето на огнот интервенираат пет лица вработени во Националниот парк, а ангажиран е и хеликопкер.

Објавено на

часот

Сподели

„За настанатата состојба известен е градночалникот на Општина Маврово-Ростуше и истиот известил дека поради непристапноста на теренот и лицата кои интервенираат во гаснењето на пожарот не можат да се справат со истиот, па поради тоа од негова страна  беше побарано до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот. Хеликоптерот на МВР веќе дејствува, при што полни вода од Мавровско Езеро.“, извести ЦУК.

Според информациите од раководителот на Секторот за операции и координација во ЦУК, Горан Стојановски, освен во мавровско, посериозен пожар на отворен простор има и во тетовско, над Ѓермо на Шар Планина, каде што двата крака се изгасени и се дејствува да се изгаси и третиот крак во координација со ренџерите од Националниот парк Шар Планина и други сили според потребите и условите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ