недела, 20 октомври 2024

Голем пожар во југоисточниот дел на Франција, повеќе од 500 пожарникари на терен (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Во источните Пиринеи во тек е многу силен пожар. Го повикувам населението и туристите да бидат крајно внимателни. Во гаснењето на пожарот се вклучени 13 авиони, 3 хеликоптери и повеќе од 500 пожарникари“, објави Дерманин на Твитер.

Пожарот избувна во понеделникот попладне меѓу градот Сен-Андре и познатото приморско одморалиште Аржелес-сур-Мер на Средоземното Море, соопштија пожарникарите.

Радио станицата Франс блу, повикувајќи се на локалните власти, објави дека во пожарот се уништени 300 хектари претежно ниска вегетација.

Три кампа со многу туристи беа евакуирани, додека пожарот се заканува на некои станбени згради и продавници. Спортска сала е подготвена за сместување на евакуираните. Локацијата на пожарот е западно од градот Перпињан, недалеку од границата со Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ