Огнот во Велешко е спречен да дојде до жителите на блиските села.
Центарот за управување со кризи организира и спасувачка мисија на Галичица. „Во исто време организираме спасувачка мисија на Галичица каде холандски параглајдерист паднa и најверојатно има скршен рбет”, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Од МВР соопштија дека полициски екипи од хеликоптерската единица, алпинистички тим и животспасувачи од Одделот за специјални полициски операции заедно со граничната полиција веќе се упатени на планината.
Засега нема повеќе информации во каква состојба е параглајдеристот, а од МВР најавуваат дека повеќе информации ќе соопштат по завршувањето на акцијата.