сабота, 27 јули 2024

Голем пожар изби на пазар во Сараево, огнената стихија ја гасат три пожарникарски возила (ВИДЕО)

На сараевскиот пазар Хецо денес изби пожар кој го локализираа Професионалните пожарникарски бригади на кантонот Сараево.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави порталот Кликс, веднаш по дојавата на лице место излегле две пожарникарски возила.

„Станува збор за пожар на еден бокс. Пожарникарите многу брзо го локализираа пожарот, а сега се работи на негово целосно гасење“, соопшти пожарникарската служба.

Се додава дека на помош е испратено и трето пожарникарско возило и дека пожарот наскоро ќе биде целосно изгасен.

Според последните информации од сараевската Професионална пожарникарска бригада, на терен се испратени уште две возила, а пожарот сè уште не е изгасен туку, според информациите од теренот, ситуацијата се усложнува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ