сабота, 27 јули 2024

Голем кикс на Ливерпул, пораз од Кристал Палас на Енфилд (ВИДЕО)

По дебаклот од Аталанта во Лига Европа, Ливерпул денеска е поразен од Кристал Палас на Енфилд со 1-0, пораз кој може да биде клучен во борбата за титулата во Премиерлигата.

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул е дел од мртва трка со Арсенал и Манчестер Сити за титулата, но денешниот загубен меч може да се покаже како клучен на крајот.

Езе со гол уште во 14. минута му донесе водство на Кристал Палас од 1-0. Ливерпул се обидуваше да дојде до погодок, но не успеа да искористи ниту една шанса од оние кои ги создаде.

Од истиот термин, во лондонска пресметка, Фулам со 2-0 славеше на гостувањето кај Вест Хем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ