„Граѓаните“ имаат историска сезона, триумфираа во Премиерлигата, ФА Купот и Лигата на шампиони.
Пеп Гвардиола сакал на сите да им се заблагодари за големиот успех, па бонусот за триумф во Премиерлигата (се верува дека е околу 750.000) го поделил на персоналот во клубот.
Како што пренесуваат медиумите од Англија, луѓето од кетеринг тимот, обезбедувањето и рецепционерите се дел од персоналот кој бил награден од Пеп Гвардиола за придонесот кој го давале зад сцената.