сабота, 19 октомври 2024
Изјава на директорката на Агенцијата за туризам, Билјана Стефаноска

Голем е интересот на туристите да ја посетат земјава

Во периодот од јануари до јули годинава во споредба со истиот период лани имаме зголемување за 7,8 отсто на бројот на туристи, а зголемувањето кај странските туристи е за 9,7 отсто повеќе. Тоа значи зголемување на девизниот прилив од туризмот и неговото учество во БДП, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција по посетата на Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил – Бања Банско“, Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Според неа, растот на бројките не значи и развој, бидејќи Стефаноска смета дека развојот стагнира, па дури е и уназаден.

„Државата треба посветено да работи, да инвестира и најважно е создавање на национална стратегија за туризам, во која би влегле стратегијата за рурален туризам, бањски туризам, за транзитен, културен и сите други алтернативни форми на туризам“, додаде Стефаноска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ