понеделник, 21 октомври 2024

Голем дел од Куба повторно без струја, и покрај напорите за обновување на мрежата

Кубанскиот електроенергетски систем синоќа повторно откажа, и покрај обидите во текот на денот да се обнови мрежата, соопшти кубанското Министерство за енергетика.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Милиони Кубанци останаа без електрична енергија претходно во текот на денот, по уште еден делумен дефект на електричната мрежа што се случи во текот на ноќта.

Техничкиот директор на Кубанската електромрежа (УНЕ), Лазаро Гуера, го потврди делумниот колапс на мрежата во западните провинции на Куба, кој доцна во саботата го погоди и главниот град Хавана.

Националната електроенергетска мрежа на Куба за првпат се прекина околу пладне во петокот, откако најголемата електрана на островот престана да работи.

По краткото обновување на напојувањето, мрежата повторно падна во саботата наутро, а во текот на претходната ноќ системот падна по трет пат. Големите прекини на електричната енергија речиси им оневозможија на повеќето жители на островот да ги полнат своите телефони и да се поврзат на интернет.

Кубанскиот министер за енергетика и рударство, Висенте де ла О Леви, изјави дека „утврдени се три главни фактори што влијаат на дефицитот во производството на електрична енергија: состојбата на инфраструктурата, недостигот од гориво и зголемувањето на побарувачката“.

Доаѓањето на ураганот Оскар во источна Куба се заканува дополнително да ги усложни плановите на владата за воспоставување на редовното снабдување со електрична енергија, а целиот регион во кој се очекува налетот на ураганот главно е без струја или комуникации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ