сабота, 27 јули 2024

Голем број загинати во новите израелски напади низ Појасот Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа извршија нови напади низ Појасот Газа, при што загинаа голем број Палестинци, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Во вчерашниот израелски напад врз бегалскиот камп Џабалија на северот на Појасот Газа, загинаа 90 Палестинци“, се вели во соопштението на палестинското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.

24 лица загинаа во израелски ракетен напад врз семејна куќа, јави радиото Хамас Акса.

„Веруваме дека бројот на загинатите под урнатините е огромен, но нема начин да се најдат и да се извлечат жртвите, поради интензитетот на израелскиот оган“, рекол портпаролот на палестинското Министерство за здравство во телефонски разговор со известувачот на Ројтерс.

Во Деир ел Балах, во центарот на Газа, локалните медицински работници потврдија дека 12 Палестинци се убиени, а уште десетици се ранети.

Во Рафа, на југот на палестинската енклава, најмалку четири лица загинаа во израелски напад врз семејна куќа.

„Луѓето поитаа да ги спасат затрупаните под урнатините. Звукот од експлозијата беше силен како земјотрес“, изјавил за Ројтерс очевидец што живее во близина.

Израелска тенковска граната ја погоди породилната зграда во болницата Насер во Кан Јунис, при што загина 13-годишно девојче, изјави Ашраф Ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство во Газа.

Според најновиот биланс на Министерството, објавен во петокот, од почетокот на војната со Израел на 7 октомври во Газа загинале 18.800 луѓе.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека собориле повеќе од 100 дронови и проектили од почетокот на конфликтот.

„Заканите беа соборени со борбени авиони и други средства за противвоздушна одбрана“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ