петок, 18 октомври 2024

Голем бран руски ракетни напади низ Украина, четири мртви, десетици ранети

Русија утрово изврши ракетен напад од големи размери низ Украина, погодувајќи станбени и индустриски објекти, соопштија украинските власти. Цела Украина е во состојба на готовност за воздушни напади од околу 6 часот наутро, а украинските воздухопловни сили соопштија дека земјата била изложена на бранови напади со крстосувачки ракети, а во некои региони и балистички ракети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Непријателот жестоко ги напаѓа мирните градови“, рече Олександр Вилкул, градоначалник на јужниот украински град Криви Рих, на апликацијата за пораки Телеграм. Вилкул рече дека сите информации за обемот на потенцијалната штета ќе бидат објавени по завршувањето на рускиот напад.

Немаше соопштение од Москва.

Во нападите загинаа најмалку четири лица, а десетици луѓе беа ранети. Во градот Новомосковск ранети се 24 лица, меѓу кои пет деца, јави јавното радио Суспилне. Засега се знае дека четири лица се ранети во јужниот град Запорожје, како што соопшти шефот на регионалната воена управа Јуриј Малашко. Тој град беше погоден со крстосувачки и балистички ракети, кои предизвикаа пет силни експлозии.

Четири напади беа извршени на Харков, на истокот на земјата, а главни цели беа индустриските компании, изјави градоначалникот Ихор Терехов. Во тој напад е убиена 63-годишна жена.

Во гратчето Смијив, во областа Харков, неколку луѓе се спасени од урнатините на една куќа. Експлозии денеска одекнаа и во градовите Дњепар, Криви Рих и Хмелницки, каде што загинаа најмалку три лица.

Според податоците на украинските вооружени сили, речиси десетина стратегиски бомбардери истрелале крстосувачки ракети кон Украина. Покрај беспилотните летала, користени се и балистички ракети кинжал (бодеж).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ