сабота, 27 јули 2024
НБА

Голден стејт со пораз го почна плејофот, шампионот загуби кај Сакраменто (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сакраметно и Голден стејт одиграа неизвесен меч, полн со пресврти, единствено гостите на двапати имаа двоцифрена предност и тоа од десет поени разлика. Последната, одлучувачка четвртина подобро ја одиграа домаќините и дојдоа до триумд од 126-123.

Најдобар беше Фокс со 38 поени, одличен беше и Монк со 32, во составот на Голден стејт, Стеф Кари реализираше 30 поени, Томпсон имаше 21.

Њујорк дојде до гостински триумф кај Кливленд откако победи со 101-97. Брансон со 27 поени беша најдобар во составот на гостите. Мичел реализираше дури 38 поени за Кливленд но тоа не беше доволно за успешно да го почнат плејофот.

Бостон покажа моќ против Атланта победувајќи со 112-99. Двајца играчи на Селтикс имаа дабл-дабл учиноци, Браун реализираше 29 поени и 12 скокови, Тејтум имаше 25 поени и 11 скокови, одличен беше и Вајт со 24 поени. Кај Атланта Мареј постигна 24 поени.

Резултати: Филаделфија – Бруклин 121-101, Бостон – Атланта 112-99, Кливленд – Њујорк 97-101, Сакраменто – Голден стејт 123-126

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ