петок, 18 октомври 2024

Гол и асистенција на Миовски не беа доволни, Абердин загуби од ПАОК (ВИДЕО)

Миовски имаше гол и асистенција за Абердин, но неговиот тим загуби на свој терен од ПАОК со 3-2, домашен пораз и за Динамо Загреб од Викторија Плзен со 1-0.
 

Објавено на

часот

Сподели

По мирното полувреме во Шкотска, возбудувањата пристигнаа во вториот дел. Миовски во 50. минута постигна гол за водство од 1-0, а осум минути подоцна имаше асистенција за 2-0.

Тогаш се чинеше дека Абердин е на вистинскиот пат да ги освои трите бода, но се случи голем пресврт, ПАОК погоди во 73. минута и се врати во игра. Во судиското продолжение дадоа уште два гола за комплетен пресврт и триумф од 3-2.

Ристовски одигра цел меч за Динамо Загреб кој загуби на свој терен од Викторија Плзен со 1-0. Адеми не беше дел од мечот.

Резултати 3. коло Конференциска лига:

АЗ Алкмар – Астон Вила 1-4

Балкани – Астана 1-2

Фенербахче – Лудогорец 3-1

Гент – Бреидаблик 5-0

Клаксвик – Олимпија Љубљана 3-0

Лил – Слован Братислава 2-1

Лугано – Клуб Бриж 1-3

Абердин – ПАОК 2-3

Бодо/Глимт – Бешикташ 3-1

Динамо Загреб – Викторија Плзен 0-1

Ајнтрахт – Хелсинки 6-0

Фиорентина – Чукарички 6-0

Генк – Ференцварош 0-0

Спартак Трнава – Нордсјеланд 0-2

Зрински – Легија 1-2

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ