Руне го доби првиот сет со 6-2, Новак возврати во вториот добивајќи го со 6-4. Во третиот решавачки Руне повторно беше подобар со 6-2 и дојде до триумф од 2-1 во сетови.
По елиминацијата, Новак Ѓоковиќ се пожали на условите за игра, но и спортски му честиташе на Руне за кој рече дека бил подобар и заслужено победил.
„Ова се ужасни услови за игра. Многу дожд врнеше во изминатите денови, времето е премногу ладно. А Руне е брз и неверојатен тенисер. Искрено, беше подобар од мене и заслужи да победи“, кажа Ѓоковиќ.