Српскиот тенисер беше перфектен во првите два сета, двата ги доби со по 6-0, во третиот последен сет, Французинот успеа да освои три гема, беше 6-3 и победа од 3-0 за Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Тејлор Фриц кој со 3-1 во сетови го елиминираше грчкиот тенисер Стефанос Циципас.
Американецот го доби првиот сет во тајбрејк, потоа возврати Циципас со 7-5 израмнување на 1-1. Следните два сета му припаднаа на Фриц со по 6-3.