сабота, 27 јули 2024
Откако неговата сонародничка направи сензација на Вимблдон

Ѓоковиќ: Се надевам дека со Наталија заедно ќе јадеме трева

Објавено на

часот

Сподели

Наталија Стевановиќ го привлече вниманието кон себе откако направи вистинска сензација победувајќи ја Плишкова со 6-2 и 6-3. За нејзината победа прашање доби и Новак Ѓоковиќ.

„Честитки, не се очекуваше да се квалификува тука, а не па да победи фаворит. Импресивен резултат. Наталија не сум ја видел многу пати во животот. Знам дека доаѓаше во центарот во Белград за да тренира неколкупати, па ја познавам површно. Но како и секој тенисер и тенисерка која се пробива од Србија, ја има мојата целосна поддршка“, рече Ѓоковиќ.

На Новак му кажаа дека таа победата ја прославила во негов стил, јадејќи трева од теренот.

„Хаха, фантастично! Не знаев дека јадела трева, се надевам дека заедно ќе јадеме“, кажа Новак.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ