сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ сака мечевите на Вимблдон да почнуваат порано

Објавено на

часот

Сподели

Мечевите на главните терени на Вимблдон почнуваа од 13:30 по англиско време, а завршуваа во 23 часот. 

Поради законите во Англија, во областа каде што се игра турнирот, мечевите не може да бидат продолжени по 23 часот, но се покрена дебата во која се вклучи и Ѓоковиќ дека од следната година треба да почнуваат порано.

„Се сложувам предлогот да почнуваат порано. Јасно е дека поради законите многу е потешко да се промени терминот за завршување на мечевите, разбирам дека тоа е поради луѓето кои живеат во околината. Но мислам дека мечевите би можеле да почнуваат барем од 12 часот. Сметам дека тоа би направило голема разлика“, вели Ѓоковиќ.

Извршниот директор на турнирот, Сели Болтон изјави дека нема гаранција дека ќе ги прифатат барањата за мечевите да почнуваат порано.

Англичаните важат за многу конзервативна нација кога се во прашање промени на настани кои имаат големи традиции како што е и Вимблдон, па и покрај тоа што предлозите изгледаат логично, тешко е дека ќе се прифатат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ