сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ: Последните двапати повреден го освоив Австралија опен

Новак Ѓоковиќ кој на Јунајтед купот се мачеше со повреда на зглобот, вели дека и повреден го освојувал Австралија опен, па верува во нов успех.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот тенисер синоќа во два сета беше поразен од Алекс де Минор на Јунајтед купот кој се одржува во Австрлија.

На овој меч и на претходниот Ѓоковиќ чувствуваше болки во зглобот на раката по што бараше и медицинска помош.

Повредата ги загрижи навивачите на Ѓоковиќ, но тој вели дека нема простор за паника и се надева дека повторно ќе дојде до трофејот на Австралија опен.

Два дена чувствувам непријатност. Се влоши во текот на мечот, но не сакам да му одземам од победата на Алекс, тој беше одличен како и секогаш“, рече Ѓоковиќ.

„Никогаш не знаете што може да се случи. На два од последните три настапи на Австралија Опен бев повреден и на двата успеав да ја освојам титулата. Работиме на тоа да го доведеме моето тело во најдобрата можна состојба за натпреварување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ