сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ освои 17 гема по ред на АО

Објавено на

часот

Сподели

Популарниот Ноле беше во негатива од 1-2 во првиот сет, и тоа со загубен гем на свој сервис, но тоа како да го налути, па до крајот ги освои сите 17 гема, нешто што не се гледа често на тениските турнири. Одличната форма на Ѓоковиќ само дополнително ќе ги загрижи неговите конкуренти за освојување на победничкиот пехар. Следен противник на Србинот ќе биде Сантјаго Хиралдо од Колумбија.

Непланирано загуби еден сет: Енди Мареј

Британецот Енди Мареј е ставен на листата од пет најсериозни кандидати за триумф во Мелбурн, но својот настап тенисерот од Шкотска го почна релативно лошо откако го загуби првиот сет во пресметката со Американецот Рајан Харисон. Но потоа работите дојдоа на своето место. Следуваше тотална доминација на Мареј, кој без никакви проблеми ги доби следните три сета и се пласира во следниот круг.

Понатаму се пласира и петтиот носител Давид Ферер (Шпанија) како и Енди Родик, Јанко Типсаревиќ, Гаел Мондис, Жил Симон… Од носителите настрада само Чехот Радек Степанек (29-ти носител), кој загуби во три сета од Никола Махут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ