сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ: Многу грешев, но публиката му даде крилја на Надал кога најмногу му требаше

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ со 3-1 во сетови загуби од Надал и не успеа да ја одбрани титулата, некој друг оваа година ќе го освои Ролан Гарос.
 
„Тешко е да се избере еден елемент кој одлучи. Веројатно тоа е мојот бекхенд кој не ме служеше, многу грешки направив. Тој тоа го користеше, ми сервираше најчесто на бекхенд, лесно ретернирав, тие удари беа кратки, па можеше да го диктира темпото со форхенд од средина на теренот“, вели Ѓоковиќ.
 
„Во мечот влегов во средина од вториот сет иако тој третиот го доби лесно, четвртиот морав да го добијам и да влеземе во петти сет. Тогаш се ќе беше отворено. Штета. Имав две сет топки и свој сервис. Публиката го сврте мечот, 99,9% беше на негова страна и тоа е тоа, нема што. Тие го кренаа во моментите кога требаше. Штета…“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ