петок, 26 јули 2024

Ѓоковиќ лесно го помина и второто коло на Ролан Гарос

Објавено на

часот

Сподели

Првиот носител на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ без проблеми го совлада Молчан. Србинот се помачи само во третиот сет.
 
Првиот го доби со 6-2, вториот со 6-3, а во третиот се играше тај-брејк кој Ѓоковиќ го доби со 7-4.
 
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Бедене кој со 3-1 беше подобар од Куевас.
 
Од денешните мечеви интересен беше дуелот на Александер Зверев против Аргентинецот Баез. Германскиот тенисер губеше со 2-0 во сетови, но успеа да го сврти мечот и да го добие со 3-2.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ