Новак Ѓоковиќ се мачи со повреда на грбот, но и покрај тоа најде енергија за тричасовна битка против Андреј Рубљов.
Русинот беше подобар противник во првиот сет и го доби со 5-7, но Новак Ѓоковиќ потоа покажа зошто е на врвот.
Србинот вториот сет го одвете во тај-брејк, кој го доби со 7-6, и израмни на 1-1. Решавачкиот сет се играше изедначено, беше 5-5, за Новак Ѓоковиќ да го освои својот сервис, лесно да направи брејк и да го добие сетот со 7-5.
За Новак Ѓоковиќ ова ќе биде деветто финале во Париз, утре во мечот за титулата противник ќе му биде Григор Димитров.