Рубљов одлично го почна натпреварот добивајќи го сетот со 6-4, но Ѓоковиќ врати на мастрален начин со 6-1 и израмни на 1-1 во сетови.
Третиот и четвртиот сет му припаднаа на Ѓоковиќ со 6-4 и 6-3 за победа од 3-1.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Синер кој исто така со 3-1 (6-4, 3-6, 6-2, 6-2) беше подобар од Сафулин.
Утре се играат преостантите два четвртфинални меча, Медведев – Еубанкс и Алкараз – Руне.