петок, 18 октомври 2024

Ѓоковиќ до Алкараз: Господе боже, човеку ти никогаш не се предаваш

Објавено на

часот

Сподели

Алкараз го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон, а сега српскиот тенисер беше подобар од големиот шпански талент.

По мечот, Ѓоковиќ имаше големи зборови за младиот Алкараз.

„Господе боже, човеку ти никогаш не се откажуваш. Јас го сакам тоа кај тебе, ама понекогаш би сакал да одиграш некој поен онака, полесно“, рече Ѓоковиќ.

„Шпанците никогаш не умираме“, низ смеа му одговори Алкараз.

„Е да, мислам дека сум го слушнал тоа досега и сум го искусил“, возврати Ноле, алудирајќи на деценија и кусур ривалство со Рафаел Надал.

Мечот беше исклучително возбудлив, Ѓоковиќ спаси меч топка во вториот сет, а потоа по долга битка го победи Алкараз.

„Благодарност до мојот тим што минуваме низ падови и подеми повторно. Не знам како успевате да издржите со мене, но ви благодарам. Благодарам што останувате во тешки моменти, но и денеска. Беше вистински ‘ролеркостер’, еден од највозбудливите и најтешките мечеви на кои сум играл. Дефинитивно. Изгледаше како да е финале на грен-слем и повеќе од тоа. Секој наш меч е таков. Се надевам дека ќе играме повторно и во Њујорк, за некоја недела“, прокоментира Ноле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ