сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ бесен: Повеќе од 20 години играм тенис, ова никогаш не ми се случило!

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ со 6-4 и 6-4 го победи Нори и ја однесе Србија во полуфиналето од Дејвис Купот, а по мечот го искажа својот револт против анти-допинг агенцијата.

Тој е шокиран од нивното барање да направи тест пред одигрување на мечот, а не потоа. Вели дека има свои ритуали во подготовката за мечот кои му ги нарушуваат со ваквото нелогично барање.

„Се уште немам направено целосна допинг контрола, треба да дадам крв. Имав расправија со луѓето од антидопинг агенцијата. Во 20 и повеќе години кариера, никогаш не ми се случило час и половина пред мечот да ми побараат да направам допинг контрола. Ова е срамно и нелогично“, вели Ѓоковиќ.

„Нивниот изговор беше дека една од главните причини е тоа што мечот завршува доцна, па да ни дадат повеќе време за одмор. Но, следниот ден е пауза. Кога ќе заврши мечот, не е проблем, тестирај ме. Пред мечот јас имам свои рутини, ми треба мир, а не да ми земаат крв. Поддржувам да се тестираме сите, но ова беше нелогична одлука на агенцијата“.

„ВАДА е приватна компанија. Треба да разговараме дали да имаме своја агенција во рамките на тенискиот еко-систем, а не да ангажираме некој однадвор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ