сабота, 27 јули 2024

Гогов и во наредните две сезони ќе биде голман на Вардар

Голманот Васил Гогов и РК Вардар постигнаа договор за продолжување на соработката за уште две години.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар го продолжи договорот со Гогов и за наредните две сезони, информираат од клубот.

Гогов од 2019 година е член на Вардар, има искуство со играње во Лигата на шампионите и СЕХА, а со заминувањето на Мартин Томовски се очекува да се зголеми неговата минутажа.

„Гогов е голман кој е иднината на македонскиот ракомет, и тој допрва ќе блеска. Вардар е задоволен од неговото напредување и е убеден во уште подобри игри во иднина. Досега секогаш беше дел од голмански тим каде можеше да научи и да „украде“ од поискусните и време е да добие поголема минутажа во иднина. Вардар секогаш е место каде има шанса за докажување и напредување, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ