Камерите на граничниот премин од српска страна – Прешево покажуваат непрегледно долги колони возила во пет ленти кои чекаат за влез во Србија. Вчера колоните беа во шест ленти, сигурно затоа што петокот е позгоден ден за викенд патување. Доминираат српски државјани и странски регистрации на луѓе кои преку Македонија се враќаат од Грција, но има и македонски регистрации. Од Автомото сојузот на Србија информираат дека чекањето на границата утрово е најмалку 30 минути.
Камерата на македонскиот граничен премин Богородица за влез во Грција покажува исто така зголемена фреквенција на возила. Засега нема информација колку време се чека за да се помине границата.
П.Џ.