сабота, 27 јули 2024

Годишна конференција на Македонската асоцијација за цврст со отпад

Објавено на

часот

Сподели

На конференција со главен фокус на темата „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад„ која ќе се одржи на 29-30 мај годинава во Скопје, во хотелот Холидеј ин, врвни домашни и странски експерти од реалниот сектор, академската заедница и институциите ќе ги презентираат најновите трендови и предизвици во управувањето со цврст отпад базиран на принципите на кружната економија.
На отворањето на конференцијата свои поздравни обраќања ќе имаат претседателот на МАСВА, Михаил Матески, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, претседателот на Меѓународната асоцијација за тврд отпад, Карлос Силва Филхо и Стефан Кувенџиев декан на Технолошко металуршкиот факултет од Скопје.

Свои излагања ќе имаат претставници на институциите како Министерство за животна средина и просторно планирање, Царинската управа, јавното претпријатие Русино Полог, а реалниот сектор ќе биде претставен од неколку домашни и странски компании.

Своите искуства и знаења ќе ги презентираат претставници на Пакомак, Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Гринтех МК, Гентем, Гума Тек, Алпако Еко, Макстил, Нута Отпад, Томра Системи од Норвешка, Саубермахер- Австрија, Блу Планет и други. Во рамките на конференцијата ќе се обратат и неколку домашни и странски експерти, како и професори од Машинскиот и Технолошко металуршкиот факултет од Скопје и Универзитетот Американ Колеџ од Скопје.
Првиот ден, панел дискусиите ќе бидат посветени на две теми – „Воведување на депозитен систем и
враќање на пакувањето во Р.С. Македонија“ и „Енергија од отпад – ограничување или придобивки од
земјата?“. Во текот на вториот ден од конференцијата панелите ќе бидат фокусирани на темите:
„Дополнителни текови на отпад во проширена одговорност на производителот“, Финансирање на
системи за одржливо управување со отпад“ и „Младите и науката во решенијата за одржливо управување со отпад“. На овој панел студенти ќе ги презентираат своите студии поврзани со унапредување на системот за управување со отпад.
Во знак на одбележување на 10 годишнината од делувањето на МАСВА ќе бидат доделени признанија за експерти и компании членките кои дадоа особен придонес за развојот на организацијата и проширување на соработката како и унапредување на управувањето со отпад во земјава.
Управувањето со цврст отпад е еден од најважните сегменти во современите општества и водечките
економии посветуваат големо внимание на негово континуирано унапредување. За земји во развој
управувањето со отпад е од големо значење бидејќи придонесува за заштита на животната средина и
поттикнува развој на нови бизниси базирани на одржлива основа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ