Алкараз во овој дуел влезе како фаворит со оглед на разликата во возраста, но Новак Ѓоковиќ покажа зошто е најдобар на сите времиња.
Шпанскиот тениски ас почна одлично, го доби првиот сет со 6-4, но во продолжението работите се променија. Ѓоковиќ го зема вториот сет со идентични 6-4 и изедначи на 1-1.
Во третиот сет Србинот беше подобар со 6-3, четвртиот му припадна со 6-4 и ја комплетираше победата од 3-1 во сетови.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Александер Зверев кој исто така со 3-1 го победи Томи Пол.
Novak Djokovic is the greatest of all time.pic.twitter.com/01ZYnEjWh2
— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) January 21, 2025