Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,1 %, и тоа: кај домашните туристи за 3,3 %, а кај странските за 14,4 %.
Зголемување во периодот јануари – јуни годинава има и кај бројот на ноќевањата, за 9,9 %. Кај домашните туристи зголемувањето е за 6,3 %, а кај странските за 11,8 %.