Во истиот период полицијата уапсила 1.195 лица осомничени за шверцување луѓе и регистрирала 1.088 шверцерски операции, а тука не се вклучени оние што биле запрени на аеродромите и пристаништата, јавува Дпа.
Покрај тоа, полициските службеници привеле 7.783 лица со потерници за прекршоци што се однесуваат за престапи од неплатени парични казни до тешки кривични дела.
Билд наведува дека најмногу луѓе, 9.113, биле депортирани преку границата со Швајцарија, 7.862 биле вратени во Полска, 5.468 во Австрија и 2.350 во Франција.
Од границите се вратени најмногу Украинци – 5.935, Сиријци 4.708 и Авганистанци 2.396, а идентификувани се 1.482 претходно депортирани мигранти што се обиделе повторно да влезат во Германија.
Полицијата за незаконски влез го смета обидот за преминување на границата од страна на некој што нема право да престојува во Германија, а може да биде вратен секој доколку не поднел барање за азил или е под привремена забрана за влез.
Германија ја зајакна контролата на миграцијата на сите копнени граници и се обидува да го забрза протерувањето на луѓето без право на престој, пред сѐ поради заканата од исламистички терор и прекуграничен криминал.