сабота, 27 јули 2024

Гоце Георгиевски потпиша нов договор со Вардар

Македонскиот ракометар, Гоце Георгиевски, стави потпис на нов договор со Вардар, тој и следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар сака да ги задржи најдобрите ракометари, за таа цел е потпишан договор со Гоце Георгиевски.

„Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената и кои сè повеќе се наметнуваат. Тој е расположен, освен што ќе игра, треба да го пренесе своето искуство на помладите колеги. Вардар е веќе стабилизиран, сериозен и нашите амбиции секогаш се победа и титули. Гоце е сè уште гладен за победување, исто како и Вардар и заедно ќе чекориме кон нови победи“, кажа извршниот директор на екипата, Борко Ристовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ