петок, 18 октомври 2024
Интересна трансфер стратегија

Го затворилe Виктор Осимен три дена во хотел за да не потпише со Ливерпул!

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Џунтоли има голема заслуга за првата титула на Наполи во Серија А по 33 години пауза, откако повлече неколку добри потези на трансфер пазарот како ангажманите на Виктор Осимен, Хвича Кварацхелија и Ким Мин Џае.

„Трансферот на Осимен е едно од најголемите ремек дела на Џунтоли“ – во разговор со Тутоспорт раскажува Џандоменико Кости, кој долги години му беше близок соработник на спортскиот директор.

„Осимен три дена беше затворен во хотел. Џунтоли знаеше дека Ливерпул е заинтересиран за напаѓаот. Јирген Клоп тргна во офанзива, но Кристијано разговараше со Осимен три дена и го убеди да го одбере Наполи“.

„Беше полн со енергија. Џунтоли е директор кој ќе ви се јави и 100 пати на ден. Го познаваше Виктор многу добро, го следеше уште кога играше во Шарлероа“.

Наполи за Виктор Осимен плати околу 80 милиони евра во 2020, се шпекулира дека напаѓачот летоска може да биде продаден за двојно повеќе, односно 150-160 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ