сабота, 27 јули 2024
На свеченоста министерот додели признанија

Го унапредивме ОБСЕ, акцентот беше на човекот, рече Османи на крајот од претседавањето на Македонија

„Пред целиот свет докажавме дека поседуваме политички и практичен капацитет, професионалност и посветеност, кои кулминираа со организацијата на 30-от Министерски совет. Со донесените одлуки го остваривме планот кој го зацртавме на почетокот на претседавањето – дадовме огромен придонес во обезбедувањето на функционалноста на ОБСЕ”, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи на насанот што го организираше МНР за одбележување на завршувањето на претседавањето на Македонија со ОБСЕ. Тој рече дека успехот го споделува со државните инситуции и во името на ОБСЕ додели плакети како признанија.

Објавено на

часот

Сподели

Нашето претседавање, рече Османи, беше фокусирано на луѓето, а работевме со посветеност на идејата дека ОБСЕ може да го унапреди и зачува сето она што луѓето најмногу го ценат – нивните права, нивната слобода и нивното достоинство

д

Извонредниот успех што го постигнавме го делиме со министерствата и бројните институции кои беа вклучени и учествуваа во достигнувањето на резултатите од нашето претседавање, особено кога станува збор за организацијата на Министерскиот состанок, рече Османи како претседавач со ОБСЕ.

д

Плакета ѝ врачи на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, „за важната улога на претставниците на Министерството за одбрана и припадниците на воените сили на Македонија во делот на протоколарните активности, транспортот и безбедноста при организација на Министерската конференција.

На министерстот за финансии, Фатмир Бесими, за севкупната административно-техничка поддршка на сите значајни настани во рамки на претседавањето.

д

На директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчевски и тимот на институцијата, за нивниот посебен придонес и ставање во функција на сите капацитети на Владата и министерствата за успешна организација на настанот

На министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и целокупниот тим на министерството, како и на сите припадници на безбедносните сили на МВР кои вложија максимални напори за одржување висок степен на безбедност за време на одржувањето на настанот“

Османи рече дека земјава никогаш нема да отстапи од бранење на нивната вредност, истовремено зајакнувајќи ги ваквите начела онаму каде истите беа оспорени и ставени под знак прашалник. Според Османи, зачувувањето на начелата и заложбите значело зачувување Организацијата, која оваа година, како што рече, се соочила со досега невидена, егзистенцијална криза.

с

„Јас со гордост можам повторно да нагласам дека Министерскиот состанок во Скопје внесе нова енергија во нашите начела, односно нашата водилка, која силно турка напред и покрај напорите на одредени актери да ја поткопаат истата“, истакна Османи.

На настанот се обрати и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој нагласи дека Самитот беше платформа за засилување на високо етаблираниот меѓународен кредибилитет на нашата земја.

„Беспрекорната организација на настан од глобална важност, која нѐ направи успешни домаќини, ни овозможи да ја зголемиме нашата видливост на меѓународната сцена, но и да ја потврдиме нашата посветеност кон мирот, стабилноста, соработката и развојот“, рече Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ