„За месец дена на територија на Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не е убиено во автомобилот туку е донесено телото и оставено во автомобилот. Не се откриени мотивите за убиството“, изјави Бојмацалиев.
По неговата изјава дека матичниот лекар Ацо Трповски не бил убиен во неговиот автомобил туку на друго место коешто треба допрва да се утврди од Обвинителатвото велат дека други детали не можат да споделат.
„Откривачката улога во случајот ја има Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство ги издава сите потребни наредби и насоки за откривање на сторител и за целосно расчистување на настанот. Со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен“, ни одговорија од Обвинителството.
Лекарот Ацо Трпковски беше најден избоден до смрт на паркинг пред поликлиниката Железара на 21.03.2023. Итната помош констатирала смрт на 67-годишниот маж за кој првично беше утврдено дека имал 9 убодни рани.