вторник, 22 октомври 2024
Донесена е наредба за спроведување на истражна постапка

Го убил, па го ограбил, ОЈО бара притвор за убиството кај Мавровка

По поднесена од кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице, Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело убиство по член 123 став 2 во врска со став 1 точка 4, кривично дело убиство по член 123 во врска со член 19 (во обид) и кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

„На 20 август, со пиштол марка глок со калибар 9 милиметри, што го поседувал без дозвола, осомничениот на паркинг просторот на улицата Филип Втори Македонски во Скопје, позади ТЦ Мавровка, со умисла и од користољубие лишил од живот едно лице, по што од сопругата на жртвата одзел торба со лаптоп и избегал со автомобил ауди без ргистарски ознаки. На местото пристигнало и второ возило цитроен со белгиски регистарски ознаки, од кое излегло засега непознато лице и од багажникот на автомобилот на жртвата одзело гајба со рачен алат и исто така се оддалечило“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Автомобилот цитроен вториот осомничен го оставил во Гази Баба и се качил во автомобилот ауди, по што продолжиле да се движат, но на улицата Стојна Стефкова биле пресретнати од полициски службеници.

Додека другото лице управувало, сега осомничениот излегол од совозачка врата и пукал, обидувајќи се да ги лиши од живот полицајците кои сакале да го запрат.

Четворицата полициски службеници во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, па го совладале и привеле осомничениот. Другото лице се дало во бегство и по него се трага.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопштија од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи вечерва извести дека во текот на целиот ден се преземаат мерки и активности за расчистување на кривичното дело убиство кое денеска беше извршено на паркинг простор пред ТЦ Мавровка и мерките и активностите продолжуваат и во текот на вечерта.

Веднаш по добиената пријава за пукање во близина на ТЦ Мавровка, при што бил застрелан В.Е.(59), кој починал на местото на настанот, полицијата презема низа оперативно тактички мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите.

Од МВР доцна вечерва соопштија дека извршени се претреси и прегледи на повеќе локации и возила, а беа ангажирани и полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, хеликоптери и дронови.

„Приведени се две лица за кои постојат основи на сомнение дека се сторители на кривично дело убиство казниво по член 123 од КЗ, кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка по целосно расчистување и документирање на случајот. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото осомничено лице односно целосно расчистување на случајот во координација со ОЈО Скопје. Во текот на денот од страна на СВР Скопје по издадени наредби од страна на судија на претходна постапка извршени се претреси на четири локации за кои постојат индиции дека престојувале лицата инволвирани во кривичното дело. При преземањето на мерките и активностите пронајдени се доволен број на материјални докази. СВР Скопје и вечерва спроведува низа на оперативно тактички мерки со цел лишување од слобода на третото осомничено лице. По целосното расчистување на случајот, МВР соодветно ќе ја информира јавноста“, велат од полицијата.

Убиството за кое се бара третиот осомничен се случи вчера среде бел ден на паркингот кај ТЦ Мавровка во Скопје.

Пукање имаше и завчера кај Агросервис во скопско Ченто, а повредено беше едно лице.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека граѓаните се безбедни и дека секој што сторил криминал ќе биде ставен таму каде што му е местото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ