сабота, 27 јули 2024

Го сопрела полиција, ама не застанал, го фатиле со шверц на мигранти

На регионалниот пат Демир Капија-Неготино денеска околу 5 часот полицијата уапсила 22-годишен скопјанец, кој превезувал петмина мигранти од Сирија.

Објавено на

часот

Сподели

Во акцијата, како што информираат од МВР, учествувале полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово.

„М.А.(22) од Скопје не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото пежо е запрено, а М.А. лишен од слобода“, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ