Инцидентот се случил ноќта околу 2.30 часот.
Според полицијата, петтемина прво седеле во кафе-барот и од засега непознати причини почнале да ги кршат чашите и инвентарот. Реагирал сопственикот А.К. (34), кој од нив побарал да престанат да го уништуваат инвентарот и да му ја надоместат штетата.
О.М. физички го нападнал А.К. и му нанел видливи телесни повреди, по што тој бил пренесен во беровската болница.
Полицијата работи на расветлување на случајот.