Како што наведува МВР случајот бил пријавен синоќа во 22.51 часот во полициската станица Чаир. Повредениот бил донесен на лекување во Поликлиниката Чаир.
„Полициски службеници излегле на местото на настанот и го подигнале зрното за понатамошна постапка, а на покривот од балонот било забележено оштетување од зрното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР.