Како што денеска соопшти МВР, пријавениот Б.И. – самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш во ОВР Радовиш, на 20.12.2024 во службени простории на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш О.Г..
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка“, соопштија од МВР.