На прашањето за тоа во синоќешното интервју на Фокс њуз дали би можел да склучи договор со кинескиот претседател Си Џинпинг околу Тајван и трговијата, Трамп кажа дека „може да го направи тоа затоа што САД имаат богатство, имаат царини“, но дека би сакал да не мора да ги користи.
„Имаме голема моќ над Кина, тоа се царините а тие не ги сакаат и повеќе би сакал да не морам да ги користам. Но тоа е голема моќ над Кина“, кажа Трамп во интервјуто.
По преземањето на должноста во понеделникот Трамп кажа дека царините од десет отсто на кинескиот увоз би можеле да стапат на сила на 1 февруари. За време на изборната кампања тој порачуваше дека царините би можеле да достигнат 60 отсто.
Кина предупреди дека „нема победник“ во трговската војна и се обврза дека ќе ги брани своите економски интереси.