сабота, 19 октомври 2024
Мислел само на журки и како да биде опкружен со девојки

„Го избркав Роналдо од Реал бидејќи обожуваше да се забавува, соблекувалната мирисаше на алкохол!“

Фабио Капело проговори за неговото време во Реал Мадрид во сезоната 2006-2007 и како морал да го избрка Роналдо бидејќи Бразилецот постојано се забавувал, па дури ги вовлекувал и соиграчите во проблеми.

Објавено на

часот

Сподели

Популарниот Дон Фабио има многу приказни од својата тренерска кариера, а оваа недела се потсети на односот со Роналдо во Реал Мадрид и како морал да го избрка Бразилецот.

„Обожаваше да се забавува, дури ги вовлекуваше и соиграчите. Еден ден Ван Нистелрој ми кажа дека во соблекувалната мириса на алкохол“ – вели Фабио Капело.

„Роналдо имаше 94 килограми, десет повеќе од тоа кога триумфираше на Светското првенство во 2002 година. Му кажав дека мора да го ставиме на диета, се обиде, но на крајот се спушти само на 92,5 килогрми“.

„Еден ден, Силвио Берлускони ми се јави и ме праша што мислам за хипотетички трансфер на Роналдо. Го советував да не го прави тоа, му кажав дека Роналдо мисли само на журки и како да биде опкружен со девојки. Ми рече, „Во ред, фала ти Фабио“. Следниот ден во весник прочитав „Роналдо се сели во Милан“. Очигледно не ме послуша“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ