сабота, 27 јули 2024

Го избоделе со нож, па го оставиле кај Транспортен центар во Скопје

К.Б.(34) од Скопје вчера во 7:40 часот во полициската станица Аеродром пријавил дека ноќта меѓу 24 и 25 април годинава околу 1:30 часот, А.Н. со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.Н., со уште едно лице совозач.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, според пријавено, во возилото А.Н. му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле.

Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ